Зошто нас
Ние сме целосно лиценциран давател на поштенски услуги за целата територија на Република Македонија. Но, ние сме многу повеќе од тоа. Ние искрено се грижиме за вас и вашата достава и сакаме да се чувствувате безбедно кога ни ја доверувате вашата вредносна пошта. Како лидери на пазарот во оваа област, свесни сме за одговорноста што ја имаме кон нашите клиенти и нашите вработени.
- Посветен систем што овозможува и клиентите да имаат целосна контрола на доставата
- Постојано ажурирање на поштенската базата на податоци
- Воспоставен Систем за контрола на квалитет
- Загарантирана ефикасност во процесот на достава
- Сопствен систем за логистика без подизведувачи
- GPS опрема
- Високопрофесионален возен парк
- Единствен систем за следење на поштенските пратки во секое време
- ,,Call” центар
- Специјализиран центар за грижа на корисници
- Достава од понеделник до сабота помеѓу 7:30 до 21:00
- Експресна достава по барање, вклучувајќи достава во истиот ден и во недела
Централата на Хелло Пост се наоѓа во Скопје. Но, можете да не најдете нас и нашите канцеларии низ целата земја. Во моментов имаме отворено 30 канцеларии во различни градови. Нашите вработени со задоволство ќе ве пречекаат таму.
Сите наши поштенски пратки можат да се проверуваат и следат преку нашиот електронски веб систем од моментот кога ни е предадена пратката па се до крајната цел. Имате постојан пристап до нашиот систем и можете да ја следите секоја пратка во секое време.
Постојат многу причини зашто да го изберете Хелло Пост.
Ние сме единствена специјализирана компанија за достава.
Хелло Пост е целосно лиценциран давател на поштенски услуги во Република Македонија и е единствениот доставувач кој нуди кој нуди специјализирана достава на сензитивни и правни документи.Користиме модерен и иновативен систем при процесот на достава.
Со оглед на тоа дека употребуваме модерна технологија за следење и оцена на сите чекори од проесот на достава, нудиме совршени услуги скроени според потребите. Вие сте во можност да ја следите вашата пратка во секое време.
