Општи правила – Откуп

(1)  Испраќачот може да нарача извршување на Поштенски услуги со Дополнителната услуга – Откуп, која е предмет на наплата на износ во готовина во македонска валута („Откупнина“) од Примачот во име на Испраќачот и за сметка на Испраќачот. ХЕЛЛО ПОСТ ја нуди оваа услуга само за подигнување на 16 Откупнина од максимум 1.000 евра во денарска противвредност по достава (која може да биде пречекорено само по дополнителен договор со Испраќачот).

(2)  ХЕЛЛО ПОСТ генерално нема сознанија за содржината на Поштенската пратка која е предмет на Дополнителна услуга – Откуп. ХЕЛЛО ПОСТ не е договорна страна во договорот помеѓу Испраќачот и Примачот и дејствува само во име и на сметка на Испраќачот и само во однос на наплата на Откупнината.

(3)  Со нарачување на Дополнителната услуга – Откуп, Испраќачот потврдува дека трансакцијата е целосно законска и во целосна согласност со сите применливи и позитивни закони и регулативи на Република Македонија, и дека Поштенската пратка не содржи забранета содржина согласно Глава 4 (2).

(4)  Нарачувањето на Откуп како Дополнителна услуга и Откупнината треба да бидат изрично искомуницирани до ХЕЛЛО ПОСТ во писмена форма, или при најавување на Испраќањето како што е предвидено во Глава 5.1 или во Повратницата. Во исто време, Испраќачот треба да наведе информации за својата сметка во банкарска институција регистрирана во Македонија и да му наложи на ХЕЛЛО ПОСТ, во писмена форма, да ја наплати Откупнината и да ја префрли на соодветната сметка.

(5)  Покрај тоа, Испраќачот треба да назначи најдоцна при Испраќањето, дали Поштенската пратка треба да биде доставена (i) лично, доколку Примачот е физичко лице; (ii) до архивата, доколку Примачот е правен субјект или треба да биде доставена до лице овластено за прием на пратката како на пр. возрасен член на семејството или на вработен кај Примачот, освен ако не е изрично договорено на друг начин.

(6) Ако овие предуслови пропишани во Глава 7.5.1 (4) и (5) не се целосно исполнети, ХЕЛЛО ПОСТ има право да одбие извршување на Откупот.

(7)  Освен ако Страните не се договорат на друг начин во писмена форма и Испраќачот даде изрично овластување на ХЕЛЛО ПОСТ да ги обработи личните податоци на Примачот (овластување, кое Испраќачот од друга страна го добил од Примачот како договорна страна), ХЕЛЛО ПОСТ не е обврзан при Доставата да бара 17 идентификација од Примачот или лицето овластено за прием на пратката. ХЕЛЛО ПОСТ не е одговорен за неовластено користење на податоците на Примачот во случај кога Испраќачот не бил овластен да обработува лични податоци на Примачот.

(8)  Примачот треба да ја плати Откупнината во целост во готовина во македонска валута и да ја потпише Повратницата пред прием на Поштенската пратка. ХЕЛЛО ПОСТ ќе ја предаде Поштенската пратка само ако Откупнината е наплатена во целост. Поштенската пратка може да биде отворена само ако Откупнината е платена во целост.

(9)  По прием на Откупнината во готовина, ХЕЛЛО ПОСТ ќе ја префрли Откупнината на назначената банкарска сметка (регистрирана во банка во Македонија).

(10)  ХЕЛЛО ПОСТ нема да ја достави Откупнината директно во готовина на Испраќачот, туку само преку банкарска трансакција. ХЕЛЛО ПОСТ ќе направи сé во негова можност за да ја префрли наплатената Откупнина на Испраќачот на време (без акумулирана камата), но не е обврзан со рок на плаќање и оттука не е одговорен за доцнење во трансферот, вклучувајќи и, но не ограничено на камата, камата за пречекорување или индиректна штета, освен ако не е написмено договорено на друг начин.

(11)  Глава 7.6 исто така ќе се применува во оние случаи кога (i) Примачот не може да се одреди или лоцира; (ii) Примачот е починат или веќе не постои; (iii) Примачот одбива да ја прими Поштенската пратка; (iv) Примачот не ја подигнува Поштенската пратка од просториите на ХЕЛО ПОСТ во наведениот временски период како што е назначено во Известувањето за подигнување на пратки и не ја плаќа целосната Откупнина; (v) Примачот не ја плаќа целосната Откупнина или (vi) Примачот не ја прифаќа Доставата.

(12)  Испраќачот е одговорен да ги почитува сите применливи закони и регулативи во однос на содржината на Поштенската пратка доставена како Откуп, вклучително, но не и ограничено на соодветна фактура или фискална сметка, која треба да биде доставена до Примачот на Поштенската пратка. 18

(13)  Доколку Испраќачот не го наплати назначениот надомест за Откуп (или Откуп заедно со било која Поштенска или Дополнителна услуга извршена од ХЕЛЛО ПОСТ) во предвидениот рок, ХЕЛЛО ПОСТ има право да ја укине својата обврска за давање на Поштенски услуги на Испраќачот. Покрај тоа, ХЕЛЛО ПОСТ има право да задржи било која Поштенска пратка или Откупнината (или дел од неа) на ризик на Испраќачот додека не ја добие целосната исплата (вклучително и акумулираната камата и надомест за задоцнета администрација).

(14)  Доколку Испраќачот не ги подмири доспеаните надоместоци за Поштенските услуги (вклучително и надоместоците за Дополнителни услуги) по писмено потсетување од ХЕЛЛО ПОСТ, ХЕЛЛО ПОСТ има право да го компензира недоспеаниот износ со Откупнината во име и за сметка на Испраќачот.

(15)  Откупот не е соодветен за Дополнителната услуга за Достава на Вредносна пратка како што е наведено во Глава 7.5. Сепак, Испраќачот има можност дополнително да нарача Достава на Вредносна пратка, што е предмет на дополнителна доплата.

(16)  ХЕЛЛО ПОСТ не е одговорен во случај кога Откупнината не соодветствува со фактурата/цената за робата која е доставена како Откуп (вклучително, но не ограничено на трошоци за транспорт и трошоци за пакување), кои треба да бидат решени исклучиво помеѓу Испраќачот и Примачот. Покрај тоа, при наплата на Откупнината, ХЕЛЛО ПОСТ не е обврзан од фактурата издадена од Испраќачот до Примачот, туку само од инструкциите кои му се дадени од Испраќачот.

Oпштите услови  во целост можете да ги превземете тука.