Еден од најголемите проблеми при доставувањето на пратки до некоја локација, е тоа дека адресата едноставно не е доволно точна.
Погрешна поради човечка грешка, неточна затоа што патната мрежа се изменила, непрецизна бидејќи индустриската зона може да е голема и да опфаќа повеќе влезови. Било да е поради човечка грешка, или некој друг склоп на непредвидени околности, (како што е доставување на пратки во огромен објект/постројка со повеќе влезови.), неможноста веднаш да се најде друг пат до саканата дестинација, може да чини време и пари.
Физичките адреси се имиња кои не се групирани по никаков логичен ред. Потребно е решение како би биле сигурни дека секогаш зборуваме за истата локација. Во моментов, геокодирањето е најдобар начин за точно одредување на било која локација и нејзино маркирање за понатамошна референца.
За потребите на HelloPost и олеснување на процесот на достава започнавме со проектот ,,Геокодирање” што значи регистрирање на географски координати (изразени во географска ширина и должина) на територија на цела Македонија, односно за секоја адреса имаме и координати.
На тој начин направивме комплетна база на податоци со адреси и домаќинства по општини, а тоа многу ни го олеснува и процесот на планирање на доставата на пакетите и писмоносните пратки.
Овој проект дополнително ни овозможува подетална и попрецизна контрола на доставувачите и нивното движење.
Сите наши поштенски пратки можат да се проверуваат и следат преку нашиот електронски веб систем од моментот кога ни е предадена пратката па се до крајната цел. Нашите клиенти имаат постојан пристап до нашиот систем и можат да ја следат секоја пратка во секое време.
Дополнително, за масовни пратки даваме регуларни дневни извештаи на нашите клиенти како би можеле да имаат комплетна контрола врз процесот.