Која е разликата помеѓу Магацин и Центар за реализација на нарачки (Fulfillement Center)?
Поимите Магацин и Центар за реализација на нарачки (ЦРН) при употребата често се заменуваат еден со друг, но можат да имаат доста различно значење.
И во двата случаи се работи за голем објект во кој се складира залиха на производи на фирма која се бави со продажба.
Ќе опфатиме:
- Што е магацин
- Што е Центар за реализација на нарачки (ЦРН)
- Која е разликата помеѓу Магацин и ЦРН
- Како функционира еден ЦРН
- Придобивки од користењето на ЦРН
Што е магацин?
Кога зборуваме за Магацин зборуваме за поголем простор во кој се чува стока на подолг временски период.
Содржи голема количина на стока ставена на полици во повеќе редови кои често се протегаат доста високо.
Што е Центар за реализација на нарачки (ЦРН)?
Центарот за реализација на нарачки е дел од ланецот на снабдување и служи како место каде се одвиваат сите процеси кои се потребни еден производ да стигне од продавачот до купувачот.
Го опфаќа целиот процес на реализација, од прием, одбирање и пакување на производите до нивната испорака до купувачот.
Функцијата на еден ЦРН е да онлајн нарачката стигне до крајниот корисник што е можно побрзо и да ги растерети фирмите кои се бават со онлајн продажба од овие процеси.
Која е разликата помеѓу Магацин и ЦРН?
Во магацин производите се складираат подолгорочно и главната активност се одвива при прием или давање на роба додека пак целта на ЦРН е да направи побрз обрт на производите.
При тоа треба да се внимава секогаш да се има доволна количина на складирани производи.
За ралика од Магацинот кој е повеќе статичен и неактивен во ЦРН има постојано движење на стоката и е многу покомплексна операција.
ЦРН дава најразлични услуги, меѓу кои:
- прием на роба
- бирање на производите за испорака
- склопување на сетови, ако тоа е потребно
- пакување
- етикетирање
- испорака
- управување со вратените производи
Како функционира еден ЦРН?
Сите операции кои се изведуваат имаат една цел: продуктот да стигне до крајната дестинација (адреса).
Кога една фирма користи ЦРН, ЦРН го извршува целиот процес на реализација на нарачката почнувајќи од евидентирање на залихата па се до испораката.
За таа цел фирмата која се бави со онлајн продажба складира дел од своите производи во ЦРН како подготовка за реализација на нарачките.
Процесирањето на нарачката започнува откако купувачите ќе ја направат нарачката и фирмата која ја врши продажбата врши Најава со сите потребни детали за нарачките. По добивањето на Најавата почнува процесот на реализација: избирање на производот, пакување, етикетирање и испорака. Пред испораката купувачите добиваат известување преку Вибер порака која содржи телефон за контакт и линк преку кој купувачот може да ја следи состојбата и движењето на пратката.
Центарот може да процесира:
– фирма-до-фирма(B2B) нарачки, обично поголема количина на производи спакувани го големи кутии и/или
– фирма-до-купувач(B2C) нарачки, кои директно се доставуваат до крајниот купувач
Придобивки од користењето на ЦРН:
- Се елиминира складирањето на производи и кутии за пакување
- Се намалуваат трошоците (одржување и/или кирија за магацински простор, опрема, вработени …)
- Се добива време кое менаџерот може да ги искористи за фокусирање на стратешките цели
Иако пакувањето и доставата на нарачките се критични за исполнување на очекувањата од страна на купувачите сепак, општо земено тоа се задачи кои лесно може да се предадат на друг.
Менаџерите имаат многу обврски кои треба да ги исполнат, но најмногу треба да се фокусираат на оние обврски кои само тие можат да ги завршат.
Никогаш нема доволно време, но користењети на ЦРН овозможува продавачот да биде повеќе проактивен во други области од своето работење.
- Професионалност
Еден ЦРН работи за многу онлајн фирми и редовно процесира илјадници пратки дневно. Икуството стекнато со работа за многу фирми, самиот обем на работа го прави стратешки партнер за една фирма која се бави со онлајн продажба. Модерен ЦРН го прати напредокот во технологијата што значи дека секој чекор е автоматски документиран во реално време.
- Се олеснува евиденцијата на залиха
- Се подобрува услугата
Зошто нас?
HelloPost Macedonia е целосно лиценциран давател на поштенски услуги во Република Македoнија. Преку нашите канцеларии, присутни сме во сите поголеми градови и места и го познаваме регионот каде документи треба да се достават.
Располагаме со:
- 6000 m2 главен простор за складирање
- 6000 палетни места
- 21.000 палетни места во висина
- 3 помали регионални центри за реализација на нарачките: Западна, Источна и Централна Македонија
- Обезбедување 24/7
Контакт: 072/ 241 976 ◼ 070/ 281 250 ◼ 071/ 276 356
Секој работен ден од 09 до 17 ч.